Фудбалерот на Арсенал и швајцарски репрeзентативец Гранит Џака и овојпат беше во фокусот на јавноста на дуелот против Србија (3-2). По мечот облече дрес со презимето Јашари, а тоа многумина ги асоцираше на Адем Јашари, лидерот на ОВК.
„Не, нема политичка заднина. Тоа е моја посвета за мојот соиграч Јашари. Тој дојде во тимот на млада возраст (20), јас бев во иста ситуација како него и тој заслужува почит. Поминуваме многу време заедно. Затоа носев дрес со неговото презиме Јашари. Тоа го правам после секој натпревар“, изјави Гранит Џака по мечот со Србите.
Споменатиот фудбалер е младиот играч за врска Ардон Јашари. Тој е Албанец со потекло од Македонија.
Откако Швајцарија доживеа дебакл од Португалија (6-1) и си заминува од Катар, откриено е и зошто Гранит Џака има посебна омраза кон Србија.
„Во 1986 година, Рагип Џака (таткото на Гранит) беше политички затвореник во поранешна Југославија. Тој беше уапсен како 22-годишен студент на Универзитетот во Приштина, пред српскиот режим да го осуди на шест години затвор“, објави Џака на Инстаграм.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













