Најчитаниот шпански весник „Марка“ пред два дена ја објави информацијата дека Кристијано Роналдо на 1 јануари ќе стане нов фудбалер на саудискиот клуб, Ал-Наср со договор кој за две и пол години ќе достигне над половина милијарда долари.
Ова ќе го направи Роналдо досега најплатениот спортист во историјата, но тој не би играл сериозен фудбал до крајот на кариерата. Но, без сомнение, тој таму би го подигнал на некои нови димензии.
Сепак, како што одминуваат деновите, се поставува прашањето за вистинитоста на она што „Марка“ го пласираше. На таа тема синоќа беше прашан и самиот Роналдо, по пласманот на Португалија во четвртфиналето на Мундијалот.
„Не, тоа не е вистина… Не е вистина. Би сакал да му посакам добро здравје на Кралот на фудбалот, Пеле“, одговори Кристијано.
Вистината е дека понудата е дефинитивно на маса и вреди 200.000.000 долари по сезона. Договорот е готов, но сè уште ништо не е потпишано.
Португалските медиуми синоќа истакнаа дека парите не се приоритет на Кристијано и дека планира да ја одбие понудата на Ал Наср и саудискиот принц зад клубот. Се додава дека приоритет му е настап во Лигата на шампионите, но добро е познато дека се уште нема добиено покана од ниту еден тим.
Во моментов фокусот на Кристијано Роналдо е исклучиво на Мундијалот, што значи дека попрецизни информации ќе има по завршувањето на големото натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal