
Актуелниот светски првак Франција загубија од Тунис со 1:0 во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство. „Триколорите“ знаеја дека и покрај поразот групната фаза ќе ја завршат како првопласирана селејција, па Дидие Дешамп на теренот испрати комбиниран тим.
31-годишниот напаѓач на Монпелје, Вахби Казри, погоди за победа во 58. минута, иако Антоан Гризман постигна гол кој длабоко во судиското надополнување беше поништен од ВАР, по што францускиот селектор беше видно незадоволен.
„Не знам зошто беше поништен голот за израмнување, се’ траеше предолго. Мислам дека не заслуживме да загубиме бидејќи имавме многу подобра завршница на натпреварот. Очигледно имавме потешкотии, исто така и поради изборот што го направив, но не можеме да ги постигнеме сите цели во исто време. Имавме два натпревари со висок интензитет за четири дена и затоа на речиси сите играчи им дадов можност да бидат на теренот. Сега ќе се опоравиме од овој пораз бидејќи започнува сосема друго натпреварување“, изјави Дешамп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
