
Селекторот на иранската репрезентација Карлос Квеирош поднесе оставка по елиминацијата на тимот од СП во Катар. Веста ја објави португалскиот стручњак на социјалната мрежа Инстаграм.
„Пријатели, нема морални победи во фудбалот и нема ништо неморално во тоа да не ги постигнете своите цели откако ќе дадете се од себе со желба за победа. Беше чест и привилегија повторно да станам дел од ова фудбалско семејство. Верувам дека заслужуваме целосна почит, доверба во вашата земја кај љубителите на фудбалот. На сите им посакувам среќа, мир, успех и здравје“, напиша Квеирош на својот профил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
