Connect with us

Гризман даде гол и судијата означи крај…Но, ВАР се замеша, па судијата го поништи голот, и пак означи крај (ВИДЕО)

Фудбалот стана нешто друго, на што се уште не сме навикнати, но „правилата се јасни“. Тунис ја победи Франција со резултат 1:0, иако судијата претходно свиреше крај на – 1:1!


Антоан Гризман постигна гол во последните секунди од натпреварот, помошниот судија не виде ништо нерегулерно, па судијата го заврши мечот.


Сепак, од ВАР собата го известија судијата дека Гризман се вклучил во акцијата од офсајд, без разлика што топката ја удрил туниски дефанзивец на пат кон него.


Мбапе нафрли, во тој момент Гризман беше во длабок офсајд, но тргна кон топката која со глава ја упати дефанзивецот на Тунис, ја прими и постигна гол.


Според новото правило, иако се работи за „нова акција“, Гризман беше вклучен од офсајд и без разлика дали топката ја шутнал противнички играч, ова е недозволена позиција.


На тој начин, судијата мораше да го поништи голот и да остави натпреварот да продолжи уште малку, а потоа да отсвири нов крај, со новиот резултат, односно стариот – 1:0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови