Connect with us

Данска си оди дома, Франција и Австралија во осминафиналето (ВИДЕО)

Австралија ја изненади Данска, победи со 1-0 и се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Тоа ќе биде второ учество за „кенгурите“ во нокаут фазата на мундијалите.

Данска важеше за фаворит, а и беше потребна за да се пласира во следната рунда. Но, не успеа да создаде ниту една стопроцентна шанса пред голот во Австралијците. По еден противнапад во 60.минута, Метју Леки погоди и донесе водство за Австралија, што знаеја да го задржат до крајот на мечот.

Тунис ја победи Франција со 1-0. Вахби Казри во 58.минута му донесе предност на Тунис, а на крајот се случи вистински циркус. Антоан Гризман даде гол во 98.минута од мечот, беше признат, но потоа ВАР го поништи. Светскиот првак е првопласиран во групата со шест бода, Австралија е на второто место со шест бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови