Англискиот премиерлигаш Ливерпул послабо ја стартуваше сезоната во Премиер – лигата, а менаџерот Јирген Клоп внимателно го следи Мундијалот и се обидува да доведе некое ново име во јануарскиот преоден рок.
Досега му паднаа во око двајца фудбалери, откриваат медиумите на Островот.
Првиот е холандскиот офанзивец Коди Гакпо, кој е желба и на Манчестер Јунајтед, а досега на СП постигна три гола и е убедливо најдобриот играч на Холандија. Ќе се обиде преку Вирџил ван Дајк да делува тој да дојде на „Енфилд Роуд“, но ќе има и жестока конкуренција за него во најголемите европски клубови.
Вториот фудбалер кој го задржа вниманието на Клоп е Софијан Амрабат, репрезентативецот на Мароко. Тој е член на Фиорентина која го доведе од Верона за 20 милиони евра. Има договор до 2024 година, но и клаузула дека може да дојде до разделба во јуни 2023.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













