
Синиша Михајловиќ доби отказ во Болоња на почетокот на септември откако освои три бода во првите пет кола од италијанскиот шампионат. Српскиот стручњак сега би можел да го преземе Глазгов Ренџерс, кој пред четири дена го отпушти Холанѓанецот Џовани ван Бронкхорст.
Шкотските медиуми објавија дека заедно со Михајловиќ, кандидати за клупата на Ренџерс се и Мајкл Бил од англискиот КПР и Барак Бахар од Макаби Хаифа.
Михајловиќ се уште се бори со леукемија. На прес-конференција на крајот на март, тој рече дека треба повторно да се лекува за да избегне влошување на состојбата што го снајде во јули 2019 година, кога беше хоспитализиран поради акутна миелоидна леукемија.
Во кариерата тој ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон. Како играч беше член на Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.
За Србија одигра 63 натпревари и постигна десет гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
