
Српскиот напаѓач Александар Митровиќ ги сумираше впечатоците по поразот од Бразил со 2-0 во првото коло од групата Г на Светското првенство во Катар.
„Сигурно дека сме разочарани. Одиме понатаму, сè уште сѐ зависи од нас, има уште два натпревари и треба да се опоравиме за тие два натпревари. Сè уште е рано за некои анализи, но мислам дека ни недостигаше одредена агресивност и паднавме физички кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Загубивме неколку топки кои не требаше да ги загубиме. Голот висеше во воздух, имавме неколку полушанси, но не бевме опасни како што знаеме да бидеме“, изјави Митровиќ.
Тој накратко го анализираше и дуелот меѓу Швајцарија и Камерун (1-0).
„Тежок меч, како и секој на Светското првенство. Не беше убава игра, но… Ќе продолжиме понатаму“.
Митровиќ се мачеше со повреда пред Мундијалот, но истрча на теренот против Нејмар и друштвото.
„Штом сум тука, тоа значи дека сум здрав. Не сум најдобар физички, бидејќи не сум играл долго време, но генерално сум здрав. Што сега? Сигурно сакаме да победиме и ќе одиме на победа. Ќе видиме што ќе се случи, а зависиме и од други резултати. Што сега.. И тие загубија, но и да не загубеа, сигурно ќе одеа на победа“, заврши Митровиќ.
Следниот натпревар Србија го игра в понеделник во 11 часот против Камерун.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
