Бразил триумфираше против Србија со 2-0 и на убав начин го стартуваше Светското првенство, но повредата на Нејмар ја загрижи целата бразилска јавност. Тој го повреди скочниот зглоб, а дека работата е сериозно се виде кога заплака на клупата за резерви.
Лекарскиот тим му укажа помош, а јасно се забележа дека десниот скочен зглоб е отечен. Сега сите Бразилци стравуваат Нејмар ќе може да продолжи да игра на Светското првенство.
Родриго Ласмар, докторот на фудбалската репрезентација на Бразил, истакна дека следните 24 часа ќе бидат клучни за да се процени степенот на повредата на Нејмар.
„Има извиткување на скочниот зглоб, има оток, па затоа ќе мораме да сочекаме околу 24 часа пред да можеме да направиме детална проценка. Повредата се случила под притисок на груб старт на противнички играче“, објасни Ласмар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













