Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар слави 75 години постоење, а навивачката група Комити – 35 години од формирањето. Ќе има „црвено-црна“ фешта вечерва (19.30 часот) на Градски, а добредојден е секој што „црвено-црно“ му е при срце или има почит кон делото на најголемиот македонски спортски бренд.
Иако сега второлигаш, сепак, Вардар е клубот што спојува старо и младо, што може да собере најмногу народ, што со години ги радувал македонските фудбалски вљубеници.
Во таа чест, вечерва на Градски ќе гостува босанскиот култен клуб Железничар. Популарниот Жељо е еден од некогашните ривали на Вардар од поранешната ју-лига, а секако ќе бидат присутни сите вардарци…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













