
Голгетерот на Полска, Роберт Левандовски, е многу разочаран поради промашувањето на пеналот против Мексико (0-0). Напаѓачот се уште нема гол на Мундијалот, а неговиот тим не успеа да стартува со победа на СП 2022.
Левандовски им се извини на Полјаците и вети дека ќе им се реваншира на следните натпревари.
„Тоа беше израмнет натпревар. Штета што не успеав да го реализирам пеналот. Боли, но сега треба да размислуваме за следниот натпревар. Како што видовте, го променив начинот на изведување пенали. Го барав аголот, но не успеав. Тажен сум, но наша задача како тим е да освоиме бодови на следниот натпревар“, изјави Левандовски.
„Работиме многу на нашата игра во дефанзива. Ова очигледно им отежнува на нашите противници. Понекогаш ни недостасува сила, верба во себе или едноставно не ја носиме најдобрата одлука во дадениот момент. Ќе го анализираме натпреварот и ќе научиме од него“, додаде ѕвездата на Полјаците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија
