Аргентина доживеа шок на стартот на Мундијалот во Катар откако загуби од Саудиска Арабија со 1-2. Саудијците приредија неверојатна сензација и сега Аргентина ќе стравува дали и воопшто ќе успее да ја мине групната фаза на Светското првенство.
Лионел Меси од пенал постигна гол во десеттата минута, а до крајот на првото полувреме Аргентинците постигнаа уште три гола, но не беа признати поради офсајди. Еднаш Меси и двапати Лаутаро Мартинез погодија, но головите не беа признати.
Саудиска Арабија направи чудо на почетокот на вториот дел. Ал Шехри во 48.минута постигна гол за израмнување, а пет минути подоцна Ал Давсари постигна прекрасен гол за пресврт и 1:2.
Аргентина до крајот не успеа да се опорави од шокот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













