
Репрезентацијата на Аргентина е втор фаворит за освојување на титулата на Мундијалот, според обложувалниците, веднаш после Бразил, а го отвора Светското првенство со натпреварот против Саудиска Арабија од групата Ц. Натпреварот на стадионот „Лусаил“ е прв на денешната програма од 11 часот.
Ова е последно Светско првенство за Лионел Меси.
„Тоа е последниот Мундијал за мене и воедно и последна шанса да го остварам сонот. Ние сме подготвени, но и не сме главни фаворити, има овде во Катар многу силни селекции“, изјави Меси пред првиот меч на Мундијалот.
„Гаучосите“ стартуваат со идеја барем да стигнат до финалето, каде последен пат беа во 2014 година, кога загубија од Германија. Претходно, Аргентинците ја загубија и средбата за трофејот во 1990 година, поради што не биле на светскиот трон цели 36 години.
Саудиска Арабија шести пат е на Светско првенство, сите од 1994 година. Селектор на тимот веќе трета година е Французинот Ерве Ренар, кој на претходниот Мундијал беше на чело на Мароко.
Саудиска Арабија е втората репрезентација заедно со домаќинот, во која сите играчи се од домашната лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
