
Селекторот на Холандија, Луј ван Гал, го коментираше претстојниот прв натпревар на „лалињата“ на Мундијал. Утре неговиот тим ќе игра против Сенегал.
„Верувам во овој тим, во овие играчи. Мислам дека можеме да станеме светски шампиони. Работам со тимот само една недела. Не можете да направите многу за една недела, но можете да видите дека тие се многу мотивирани да стигнат до успех. Сенегал е шампион на Африка и на прв поглед ќе биде најтешкиот противник за нас. Мане е надвор од тимот, но и ние можеме да бидеме без Мемфис Депај, така што двата тима ќе мора да се справат со тоа. Мане е исклучителен играч. Сакав да го купам додека бев менаџер на Манчестер Јунајтед. Тогаш тој сè уште беше во Саутемптон. На Сенегал ќе му недостига многу, но исто така и ние имаме повреди“, изјави Ван Гал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
