
Европската фудбалска организација (УЕФА) ја претстави Македонија како учесник дебитант на претстојното Европско првенство. Капитенот Горан Пандев, кој е лидер по бројот на настапи (114) и постигнати голови (36) е претставен како носител на играта, заедно со Енис Барди (31 настап, 5 гола).
Горан Пандев речиси две децении го носи дресот на фудбалската репрезентација на Македонија и беше стрелец на победничкиот гол против Грузија во финалето на плејоф од Лигата на нации за пласман на Европското првенство.
Енис Барди е член на Леванте во Ла Лига и еден од најдобрите изведувачки на слободни удари во шпанското првенство, веднаш зад Лионел Меси.
Игор Ангеловски, кој успеа да ја одведе Македонија на ЕП, е 17 селектор во историјата на фудбалска репрезентација и досега најуспешен од сите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
