Фудбалерот на Тирана, Филип Најдовски, го напушти репрезентативниот мини – камп во хотелот „Хилтон“ откако имаше позитивен тест на Ковид-19. Тој веднаш замина во изолација и не беше во контакт со останатите фудбалери во текот на престојот. Најдовски беше сам во соба, каква што секогаш е процедурата во националниот тим, се додека не пристигнат извештаите од тестовите за Ковид-19.
„Еден од повиканите фудбалери на тренинг кампот е позитивен на тестирањето за Ковид – 19. Мерките за заштита беа испочитувани, т.е. веднаш по теститањето сите од тимот беа во изолација додека не стигнаа резултатите. Сите други (фудбалери, стручен штаб и логистика) имаат негативни тестови“ – информираат од ФФМ.
Репрезентативниот мини – камп треба да му послужи на селекторот за да добие вистинска претстава и за фудбалерите од домашното првенство и неколкумина интернационалци кои досега немале шанса да се наметнат во националниот тим.
Репрезентацијата в среда, со почеток во 14 часот, ќе одигра пријателски натпревар со прволигашот Работнички на комплексот на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













