Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат два пријателски натпревари против Финска и против Азербејџан. Селекторот Благоја Милевски пред утрешниот меч со Финска вели дека ќе испроба некои нови варијанти и дека овие мечеви треба да послужат како подготовка за новиот квалификациски циклус за ЕВРО 2024.
„Натпреварите против Финска и против Азербејџан се еден вид генерална проба пред квалификациските натпревари за ЕВРО 2024 кои стартуваат во март. Финска е квалитетен ривал, тие се дел од вториот квалитативен барабан и ќе биде одличен тест за нашите можности во моментот. Во групата за ЕВРО 2024 имаме квалитетни селекции и потребни ни се вакви тестови“, изјави селекторот Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













