Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, откри дека клубот нема да смее да ангажира нови играчи во јануарскиот преоден рок поради правилата за финансискиот фер-плеј на Ла Лига. Барса се враќа во добра финансиска форма, увери Лапорта, со очекувани приходи оваа сезона од 1,23 милијарди евра и проектиран профит од 274 милиони евра.
„Моравме да направиме некои економски операции кои го спасија клубот од пропаст и сега клубот е здрав. Сепак, според правилата на финансискиот фер-плеј на шпанскиот шампионат, не ни е дозволено да привлекуваме нови играчи на зима. Ние и некои други клубови се обидуваат да го убедат раководството на Ла Лига да биде пофлексибилно и да ни дозволи трансфери кои можат да ја направат Барселона уште посилна“, изјави Лапорта за шпанската агенција ЕФЕ.
Барселона забележа профит од 98 милиони евра за финансиската година 2021-2022, објави клубот во септември. За да ги надомести претходните загуби и да се усогласи со правилата за финансиски фер-плеј, клубот продаде 25 отсто од телевизиските права во домашната лига и 49 отсто од акциите во студиото Барса за повеќе од 700 милиони евра.
Ова и овозможи на Барселона да потроши повеќе од 150 милиони евра минатото лето за Роберт Левандовски, Рафиња и за Жул Кунде.
Лапорта додаде дека Барселона треба да генерира повеќе приходи и да ги намали трошоците. Сепак, тој инсистираше на тоа дека финансискиот фер-плеј „треба да се синхронизира“ во сите европски лиги „бидејќи има нееднаквости во овој поглед“.
„Во Премиер лигата тие се пофлексибилни во однос на финансискиот фер-плеј отколку во Шпанија“, истакна првиот човек на Каталонците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal