
Напаѓачот на англиската репрезентација Хари Кејн е оптимист пред настапот на СП 2022 во Катар. Голгетерот на Тотенхем верува дека неговата селекција има реални шанси да ја освои титулата на претстојниот Мундијал.
„Добро ни оди на овие големи турнири и ни останува само уште еден чекор. Можеме да го направиме тоа овојпат. Возбудливо е, чудно е, ќе играме на секои 5-6 дена. Возбудата е наоколу, среќни сме што сме тука“, изјави Кејн за „Би-Би-Си“.
Напаѓачот и сите други англиски репрезентативци играа за своите тимови од Премиер – лигата минатиот викенд.
„Мораме да се подготвиме во исклучително краток период. Секогаш е поинаку за големите турнири. Победата на турнирот е наша голема цел и сон. Ќе биде исклучително тешко“, изјави напаѓачот на Тотенхем.
Англија ќе игра против Иран во својот прв натпревар од групата Б на Светското првенство. Другите противници на островјаните во групната фаза се Велс и САД.
На СП 2018, Англија играше во полуфиналето, а на ЕП 2020 го загуби натпреварот за титулата против Италија на пенали.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Кристијано Роналдо доби понуда од Бразил

Евро-фудбал
Орландо сити ги потопи Меси и другарите

Интернационалци
Трајковски ја урна Ријека (ВИДЕО)
