Ралф Рангник не сакаше да даде сериозен коментар по интервјуто на Кристијано Роналдо дадено за Пирс Морган. Португалскиот ас за својот поранешен менаџер во тимот на „црвените Ѓаволи“ истакна дека „не е ни тренер“.
„Сега ја водам Австрија и не е моја работа да ги анализирам овие зборови. Тоа треба да го направат Манчестер Јунајтед и новинарите во Англија“, изјави Германецот за големиот скандал.
Во интервју за Морган, Роналдо откри дека е изненаден од изборот на Ралф Рангник да го преземе Манчестер Јунајтед.
„Овој господин не е ни тренер. Голем клуб како Јунајтед треба да назначи вистински тренер, а тие ставија спортски директор. Ги изненадија сите, не само мене“, сподели во интервјуто Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













