
Фудбалскиот клуб Работнички реагира на одлуката на Советот на Град Скопје за финансиска помош од 15 милиони денари за ФК Вардар, како помош на клубот за исплата на задоцнети плати за фудбалерите. Во основа, ФК Работнички нема ништо против помошта што Град Скопје му ја доделува на ФК Вардар, но потенцира дека се заборавени останатите клубови од главниот град.
„ФК Работнички е фудбалски бренд од метрополата и Македонија воопшто, клуб формиран далечната 1937 година кој гордо го носи епитетот Херојот од Дебар Маало. Оттаму сметаме дека Градот Скопје треба да смогне сили и да најде начин да ги помага и другите клубови, посебно прволигашите кои имаат и европско педигре.
Во овој тежок период и останатите фудбалски клубови во Македонија имаат тешкотии во финансирањето, а ФК Работнички е единствениот клуб од Скопје кој своите натпревари ги игра на арената „Тодор Проески“ и одвојува значителни средства за таа намена.
Би сакале да напоменеме дека ФК Работнички не е против одлуката да биде помогнат ФК Вардар, но не смее да биде само еден клуб привилегиран на сметка на сите останати. ФК Работнички во последните 15 години нема добиено никаква помош од Градот Скопје или било која друга градска институција“, вели извршниот директор на ФК Работнички, Иван Поповски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
