Connect with us

И во ПСЖ доцни плата, затоа Мбапе сакал да си замине

Позната е причината поради која Килијан Мбапе минатиот месец најави дека сака да го напушти ПСЖ. Во октомври „Марка“ откри дека Французинот сака да го смени клубот во зимскиот преоден рок.


Според „Л’Екип“, во основата на неговата желба е доцнењето на платата во ПСЖ. На почетокот на октомври напаѓачот забележал дека на неговата банкарска сметка не му пристигнала септемвриската плата. До 11 октомври, кога првпат се појавија вести за неговата желба да замине, парите сè уште не беа префрлени.

Два дена подоцна Мбапе ја доби платата, но не и целата сума. Опкружувањето на играчот побара од ПСЖ да ја разјасни ситуацијата, но не беа задоволни со ниту едно од дадените објаснувања, вклучувајќи проблеми со банкарски сметки и тешкотии со финансискиот фер-плеј.

Прашањето за платата сега е решено, а прес-службата на Пари Сен Жермен соопшти дека на напаѓачот му биле исплатени сите плати и бонуси до денес, истакнувајќи дека „понекогаш има доцнења поради начините на плаќање, како и кај сите клубови“.

Платата на Мбапе во ПСЖ е 70 милиони евра бруто годишно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови