
По скандалозното интервју на Кристијано Роналдо со Пирс Морган, се очекува Манчестер Јунајтед да ја казни 37-годишната фудбалска ѕвезда со огромни 1 милион фунти.
Португалецот ја запрепасти фудбалската јавност неколку часа по победата на „црвените ѓаволи“ од 2-1 против Фулам со сериозни напади кон Ерик тен Хаг и воопшто кон клубот од „Олд Трафорд“.
Роналдо поради „болест“ го пропушти успехот во Лондон, а беше изоставен од групата и за дуелот со Астон Вила во четвртокот во Карабао купот. Роналдо сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед летото, откако беше јасно дека нема да биде редовен стартер на сметка на Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал.
Роналдо беше казнет со двонеделна плата во октомври, откако пркосно го напушти дуелот со Тотенхем пред да заврши натпреварот. По интервјуто, клубот реши повторно да го казни Роналдо, а овојпат казната ќе биде 1 милион фунти.
Клубот допрва треба да излезе со соопштение по коментарите на Кристијано, но во медиумите се шпекулира дека Ерик тен Хаг и шефовите се „екстремно разочарани“ од постапките на играчот по успехот на „Крејвен Котиџ“.
Се чини дека Кристијано Роналдо веќе го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед и ќе го напушти тимот на зима.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
