
Диего Симеоне полека, но сигурно ги троши кредитите на клупата на Атлетико Мадрид.
Аргентинецот, кој е и најплатениот тренер на денешницата, би можел да ја заврши одисејата на клупата на „јорганџиите“. Атлетико веќе испадна од Европа, додека во првенството Барселона има предност од 13 бода.
Договорот на темпераментниот стратег истекува во 2024 година, тој го води Атлетико Мадрид од декември 2011 година. Симеоне го врати Атлетико Мадрид на врвот на европскиот фудбал, со „јорганџиите“ освои две титули во Ла Лига и два трофеи во Лига Европа, но оваа сезона е многу тешка за симпатизерите на неговиот тим.
Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека Томас Тухел е човекот кој ќе го замени.
Германскиот стручњак е без работа од септември, по неочекуваната разделба со Челси.
Тухел призна дека ненадејниот прекин на соработката со „сините“ длабоко го погодил, но дека е подготвен да му се врати на фудбалот. Се споменуваше и како наследник на Герет Саутгејт на кормилото на репрезентацијата на Англија по завршувањето на СП во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
