Охрид има одлична серија во Втората лига, а денеска (13 часот) ќе има вистински предизвик со оглед дека на „Билјанини извори“ ќе гостува единствениот непоразен тим и еден од фаворитите за највисок пласман, Гостивар. Охриѓани се мотивирани да одиграат уште еден добар меч и да освојат бодови.
Гостивар со новиот спонзоро оваа сезона има јасна цел, за влез во елитата, па на секој натпревар има амбиции за триумф и три бода.
Воска Спорт му гостува на Арсими. Албин Рамадани верува дека неговиот тим може да стигне до успех.
„Доаѓаме од една мини резултатска криза, се надевам дека утре ќе го дадеме максимумот и дека среќата ќе не послужи и ќе извлечеме позитивен резултат. Мислам дека ќе биде тежок натпревар, знаејќи го противникот кој многу го цениме“, изјави Рамадани.
Останатите натпревари од 12.коло се играат утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













