
Лидерот Струга Трим Лум ја пречекува второпласираната Шкендија во дербито на 15. коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Срѓан Захариевски се врати во победнички ритам со триумфот во Купот, но многу поважно ќе биде да стави крај на неубедливата серија и во првенството. Доколку стружани денеска слават против Шкендија, се ќе падне во заборав.
„Тежок натпревар, ова ќе биде дуел меѓу двете најдобри екипи во моментов во Првата лига, кои се и најдобро пласирани на табелата. Најважно е да биде фер и коректен натпревар, да биде пример како треба да се игра дерби, а на крајот нека победи подобриот“, изјави Бесарт Ибраими кој е клупска легенда на Шкендија, а сега го носи дресот на Струга Трим Лум.
Ферхан Хасани вели дека Шкендија е подготвена за предизвикот.
„Шкендија оди на победа на секој натпревар. Сакаме да се фокусираме на фудбал по се она што се случи на Чаир и верувам дека сме подготвени за надигрување“, изјави Хасани.
Шкупи по суспензијата на теренот на Чаир ќе го пречека ФК Скопје во Кичево. Шампионот е фаворит за трите бода, но ќе игра надвор од дома.
Академија Пандев во Струмица е домаќин на Силекс. Тимот на Александар Васоски има императив за победа поради лошиот пласман на табелата. Од друга страна, кратовци имаат одлична полусезона, па со таква атмосфера и патуваат на ова гостување.
Тиквеш во Кавадарци ќе се сретне со Работнички. „Романтичарите“ го добија првиот дуел оваа сезона во Скопје.
Утре ќе се игра мечот меѓу Македонија ЃП и Брегалница.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 15. КОЛО (ДЕНЕСКА, 13 Ч.)
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (УТРЕ, 13 Ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
