Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, по натпреварот против Сасуоло означи еден играч како виновник, го нарече „предавник“ и му порача дека од јануари може да најде нов клуб. Тој не го соопшти јавно неговото име, но италијанските медиуми открија дека се работи за Рик Карсдорп.
Недолго потоа се огласи и агентот на Холанѓанецот, Јохан Хејнкес, од агенцијата „НОС Фудбал“.
„Изненадени сме од зборовите на Мурињо. Сакаме објаснување од клубот за зборовите на тренерот и начинот на кој ги кажал“, побара Хенкес.
Жозе Мурињо се уште одбива јавно да каже дека се работи за клиентот на Јохан Хејнкес, но јасно е дека деновите во Рома му се избројани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal