
Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, го објави списокот од 26 играчи кои ќе ја претставуваат земјата на Светското првенство во Катар. На него се најде повредениот напаѓач на Барселона, Мемфис Депај, но не и искусниот голман Јаспер Силесен.
Меѓу новите имиња, е 19-годишниот играч од средниот ред на ПСВ, Чави Симонс.
Единствено изненадување на списокот е отсуството на 33-годишниот искусен голман Јаспер Силесен, кој во летниот преоден рок од Валенсија премина во НЕК Нијмеген, со што се обиде да си ги зголеми шансите да замине во Катар.
Сепак, Ван Гал реши да го земе 39-годишниот Ремко Пасвер од Ајакс, кој годинава дебитираше во А репрезентацијата, на два натпревари во Лигата на нации како трет голман.
Во составот на Холандија за СП во Катар се наоѓаат:
Голмани: Џастин Бијлоу (Феенорд), Андрис Ноперт (Херенвен), Ремко Пасвер (Ајакс Амстердам)
Одбрана: Нејтан Аке (Манчестер Сити), Дејли Блинд (Ајакс), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Дензел Дамфрис (Интер), Џереми Фримпонг (Баер Леверкузен), Матијс де Лихт (Баерн Минхен), Тајрел Маласија (Манчестер Јунајтед), Јуриен Тимбер (Ајакс), Стефан де Фрај (Интер)
Среден ред: Стивен Берхуис (Ајакс), Френки де Јонг (Барселона), Дејви Класен (Ајакс), Теун Копмајнерс (Аталанта), Мартен де Рон (Аталанта), Чави Симонс (ПСВ), Кенет Тејлор (Ајакс)
Напад: Стивен Бергвајн (Ајакс), Мемфис Депај (Барселона), Коди Гакпо (ПСВ), Винсент Јансен (Антверпен), Лук де Јонг (ПСВ), Ноа Ланг (Клуб Бриж), Ваут Вегорст (Бешикташ).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор
