Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, во интервју за швајцарскиот таблоид „Блик“ изјави дека Иран треба да биде исфрлен од Светското првенство поради протестите во земјата поради смртта на Махса Амини, којa почина откако беше уапсенa од т.н. морална полиција. Поради нејзината смрт, Иран е зафатен од бран протести, а демонстрантите бараат почитување на правата на жените.
„Иран мора да биде исклучен од Мундијалот“, рече Блатер. „Но, Џани Инфантино (претседател на ФИФА) нема храброст за тоа“.
Блатер претходно оваа недела изјави дека доделувањето на Светското првенство на Катар е „грешка“.
„Да бев претседател, Иран сигурно ќе беше исклучен“, потенцираше тој.
Блатер, сепак, од 1998 до 2015 година, кога беше на чело на ФИФА, никогаш не му забрани на Иран да се натпреварува.
Иако во овој период ситуацијата во Иран беше помирна, правата на жените не беа почитувани ниту тогаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













