
Гостивар е единствениот непоразен тим во Втората фудбалска лига, а Охрид има шест победи по ред и најавува дека е кадарен да се вмеша во битката за највисок пласман. Ова е одлична најава за утрешното дерби (13 часот) на СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Во Гостивар ги надминаа недоразбирањата и сега се максимално фокусирани на успех и на дуелот со Охрид. Тимот секако беше имун на случувањата надвор од теренот, а тренерот Октај Дерелиголу има на располагање квалитетен состав во кој има голем број фудбалери со прволигашко педигре, предводени од Антонио Каланоски, Стојан Стојчевски, Стојанче Велинов, Благоја Спиркоски…Тоа е можеби и најдобриот тим во лигата, заедно со Вардар, а според информациите, и најдобро платен.

Од друга страна, Охрид зеде залет, има шест победи во низа и дојде на четвртата позиција на табелата со 22 бода, пет помалку од Гостивар. Охриѓани посакуваат серијата да продолжи и на утрешното дерби.
Охрид и Гостивар, заедно со лидерот Вардар, се и тимовите со најдобри одбрани во досегашниот тек од шампионатот во Втората лига. Гостивар прими само шест гола, додека Охрид еден повеќе.
Но, она што на гостиварци им дава поголема сила, секако е ефикасниот напад каде ударна алка е Антонио Каланоски. Тој умее да погоди и на дерби-дуелите, а секако е незадржлив за останатите противници во лигата.
Овој натпревар се игра утре, како и дуелот во кој Воска Спорт ќе му гостува на Арсими.
Лидерот Вардар в недела ќе биде домаќин на Беласица, а Пелистер би требало да има релативно лесна задача против Тетекс во Битола.
Како што одминува првенството во Втората лига, така возбудувањата се се поголеми. Утре се отвора 12.коло…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
