Селекторот на Сенегал, Али Сисе, објави дека првата ѕвезда на репрезентацијата Садио Мане ќе се најде на списокот на патници на Мундијалот без разлика на неговата здравствена состојба.
Најдобриот африкански фудбалер се повреди пред неколку дена на првенствениот натпревар против Вердер и веднаш се појавија гласини дека може да го пропушти Светското првенство, но засега не се знае степенот на неговата повреда.
Генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самура, објави дека на помош ќе биде викнат и „врач“.
„Се надеваме на чудо, Мане мора да биде на Мундијалот. Сенегал ќе ја искористи помошта на врачови – волшебници за да го подготви за Светското првенство“, изјави Самура.
Лекарите-врачови се доста популарни во Африка. Ако модерната медицина нема лек, можеби Сенегалецот ќе успее со алтернативна, целта ги оправдува средствата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













