Connect with us

Пике ги откри причините зошто замина во пензија

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, кој пред неколку дена се повлече од фудбалот разговараше со популарниот шпански јутјубер Ибаи Јанош, а една од темите беше токму неговото заминување. 35-годишниот Пике објасни зошто се пензионирал уште во ноември и призна дека тоа би го направил и порано.


„Има многу причини за кои размислувате во текот на сезоната. Се започна со средбата што ја имав со Чави, на која тој ми кажа дека ќе ми биде тешко. Но, сакав да се обидам бидејќи мојата последна сезона беше добра. Сепак, моите чувства од почетокот на сезоната не беа најдобри и видов дека паузата е добра можност да донесам одлука. Отсекогаш сум велел дека кога нема да се чувствувам корисно, ќе престанам. Фактот што имаше повреди на мојата позиција го одложи тоа бидејќи ќе се пензионирав уште порано. Не играв против Елче и Валјадолид и затоа не се чувствував сигурен на моето место. Не ми беше удобно. Бев на работ да влезам во соблекувалната после еден од тие натпревари и да кажам: „Готово е!“ Но, повредите почнаа да доаѓаат и решив дека не можам да го напуштам тимот во таков момент. Затоа ја поставив паузата за Светското првенство како краен рок“, вели Пике.

Прво тоа му го соопштил на претседателот Хоан Лапорта.

„Утрото на мечот со Плзен, му кажав на Хоан Лапорта дека се повлекувам. Порано мислев дека ќе бидам тажен кога ќе се откажам, но всушност сум среќен. Гледам назад и гледам дека имав среќа и привилегирана кариера. Не можев да барам ништо повеќе. Доживеав да го претставувам клубот на мојот живот, да освојувам многу трофеи и да си поминувам одлично. Се надевам дека ќе продолжам да живеам на овој начин. Имав можност да бидам привилегиран. Секое утро се будам и си велам дека сум привилегирана личност. Има луѓе кои живеат доста лошо. Некои го гледаат соседот и се нервираат што има повеќе од нив. Секако дека се лутам кога Реал Мадрид победува, но живеам среќно“, истакна дефанзивецот.

Жерар Пике вели дека немал желба да игра за друг клуб освен за Барселона.

„Никогаш не размислував да заминам затоа што мојот тим е Барса. Да ми кажеа на 28 години дека нема да ми го продолжат договорот, немаше да одам никаде на друго место и ќе се пензионирав. Веќе еднаш заминав кога отидов во Манчестер Јунајтед и во Сарагоса. Кога се вратив од Јунајтед на 21 година, Јувентус ми понуди повеќе, но јас ја сакав сам во Барселона. Тогаш си реков: „Колку и да трае, кога ќе дојде време за крај, се ќе биде готово“. На 17 години Јунајтед ми даде многу повеќе, а јас и реков на Барса: „Би останал дури и за 1/3 од оваа сума“. Но, се чувствував потценет од клубот и затоа си заминав“, сподели Пике.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови