Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е разочаран од ремито без голови на вчерашното гостубање против Кремонезе во Серија А. Тренерот призна дека неговиот тим не успеал да наметне своја игра за да го скрши отпорот на Кремонезе.
„Првото полувреме беше добро, имавме неколку шанси, но изостана погодок. Вториот дел беше далеку од нашите стандарди. Не успеавме да создадеме доволно шанси во нападот. Кога нема да постигнете голови рано, овие натпревари стануваат компликувани како што одминува времето. Не создадовме доволно шанси да го скршиме противникот и тоа е клучниот момент. Не се движевме добро во играта без топка“, објасни стратегот на „росонерите“.
Милан сега има осум бода негатива во однос на лидерот Наполи на врвот на табелата во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













