Рома загуби од Лацио во дербито на Рим со 1-0, а тренерот Жозе Мурињо потоа даде изјава во свој стил.
Римското дерби беше решено по грешка на Ибањез, играчот на Рома ја загуби топката пред сопствениот гол, а тоа доведе до погодок на Фелипе Андерсон.
„Не е лесно да се игра против тим кој интелигентно управува со натпреварот за да се игра што е можно помала минутажа. Аталанта постигна гол од единствениот удар кон голот, Наполи го имаше најтешкиот натпревар против нас, а Лацио сега постигна половина гол. Тие се сите незаслужени порази“, изјави Мурињо на крајот од натпреварот.
„Волчицата“ е на петтата позиција во Серија А, а за два дена гостува кај Сасуоло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













