Алфонсо Дејвис вчера заработи повреда, но неговиот настап на Мундијалот не е доведен во прашање. Баерн Минхен денеска потврди дека Дејвис ќе ги пропушти преостанатите два натпревари против Вердер Бремен и Шалке, но дека неговиот настап на СП во Катар не е доведен во прашање.
Дејвис почувствува болка во задната ложа и не сакаше да ризикува, само поради Светското првенство, па веднаш беше заменет.
Тој ќе биде еден од главните адути на Канаѓаните кои се во групата Ф заедно со Хрватска, Белгија и со Мароко.
Пред Светското првенство, Канада ќе одигра две пријателски средби со Јапонија и со Бахреин на 11 и 17 ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













