Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Барселона и на шпанскиот фудбал воопшто, Жерар Пике, го одигра последниот меч во кариерата, а соиграчите го испратија со победа. Барса ја победи Алмерија на „Камп Ноу“ со 2-0, а Пике става крај на блескавата кариера. Тој беше повлечен од игра во 84.минута и на негово место во игра влезе Андреас Кристенсен.

Роберт Левандовски на стартот од мечот не реализира пенал, а Алмерија успеа да се одбрани во првото полувреме. Но, на почетокот од вториот дел Осман Дембеле донесе водство, а Френки де Јонг го потврди триумфот со вториот гол во 62.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













