Милан со многу мака успеа да ја победи Специја со 2-1 на „Сан Сиро“ и се врати на второто место на табелата во Серија А со 29 бода. Оливие Жиру е херојот на „росонерите“, кој со фантастичен, акробатски, волеј удар постигна победнички гол во 89.минута, а потоа поради преголема радост и соблечен дрес доби втор жолт картон и беше исклучен.
Сепак, Милан ги освои трите бода.
Шампионот поведе со голот на Тео Хернандез во 21.минута. Судиите во ВАР собата долго го проверуваа голот, кој на крајот излезе дека е регуларен.
Даниел Малдини, синот на Паоло Малдини, кој токму од Милан замина во Специја, го израмни резултатот во 59.минута. Но, сепак, Милан се извлече и стигна до победа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













