
Фудбалерите на Вардар беа убедливи на гостувањето кај Слога Виница и славеа со 0-3. Јаневски брзо го отвори резултатот, а Дарко Мицевски од пенал зголеми на 0-2 пред одморот. Симеон Христов ги постави конечните 0-3 во 72. минута од дуелот.
Гостивар се врати дома на својот стадион и го победи Арсими со 2-0. Антонио Каланоски повторно беше најдобар поединец и стрелец на двата гола. Тој го отвори резултатот во првиот дел, а потоа и го потврди триумфот.
Воска Спорт неочекувано киксна дома против Кожуф играјќи 2-2, а и Пелистер загуби со 2-1 на гостувањето против Караорман. Детонит Плачковица ремизираше 1-1 на гости кај Каменица Саса.
Охрид славеше на гости против Беса со 1-3, а Беласица беше убедлива на дуелот со Тетекс и победи со 4-0. Локомотива Пехчево го совлада Борец со 3-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
