Connect with us

Рома ќе му понуди нов договор на Мурињо

Во редовите на Рома има задоволство од досегашната работа на тренерот Жозе Мурињо, па сопственикот Дан Фридкин сака да го продолжи престојот на Португалецот на чело на тимот, пишува „Кориере дело Спорт“. Изданието тврди дека „Специјалниот“ многу брзо ќе добие предлог за нов договор.


Актуелниот договор на Мурињо е до летото 2024 година, но бидејќи двете страни сакаат да ја продолжат соработката, тие ќе седнат на преговарачка маса во наредните денови.

Мурињо е среќен во Рома, задоволен е од работата со тимот и е во одлични односи со раководството на клубот. Под негово водство, „волчицата“ минатата сезона ја освои Конференциската лига, а португалскиот стратег стана миленик на навивачите.

Тимот сега ќе игра и во осминафиналето во Лигата на Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови