
Лидерот Вардар гостува кај Слога Виница и е голем фаворит за освојување на трите бода со кои би го задржал водечкото место на табелата во Втората фудбалска лига.
Гостивар има само бод помалку од вардарци, а денеска се враќа дома, во Гостивар и ќе го пречека составот на Арсими. Ќе биде тоа интересен дуел.
Воска Спорт на домашен терен ќе игра против Кожуф, додека Пелистер го очекува гостување во Струга и дуел со Караорман.
Кругот на фаворитите за највисок пласман се заокружува со Детонит Плачковица кој денеска ќе гостува во Македонска Каменица.
Охрид е во одлична серија, а денеска ќе има тешка задача на гости против Беса, додека Беласица во Струмица е голем фаворит против Тетекс.
Натпреварите се играат од 13 часот.
ДВОЈКИ ВТОРА, ЛИГА, 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
СЛОГА ВИНИЦА – ВАРДАР
ГОСТИВАР – АРСИМИ
ВОСКА СПОРТ – КОЖУФ
КАРАОРМАН – ПЕЛИСТЕР
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – БОРЕЦ
САСА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
БЕСА – ОХРИД
БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
