
Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, откри дека капитенот на тимот Марко Ројс ќе се врати на теренот на денешниот натпревар против Бохум.
„За Ројс и Гереиро сме сигурни и мирни. Тие в последните два дена беа на тренингот и сега се со нас. Се надевам дека тоа ќе биде доволно“, изјави Терзиќ.
Сепак, тој не кажа дали Ројс ќе биде стартер.
Напаѓачот беше надвор од теренот околу четири недели поради повреда на зглобот добиена во септември, а потоа и настинка.
Ројс се бори со времето за да биде дел од репрезентацијата на Германија за Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември. Селекторот Ханси Флик ќе го објави својот состав од 26 играчи на 10 ноември.
Против Бохум, Борусија Дортмунд ќе го одигра својот последен домашен натпревар во 2022 година, а Терзиќ порача дека бодовите се многу потребни.
„Уверени сме дека ќе го добиеме натпреварот утре. Сепак, Бохум секогаш успева да им отежне на противниците и мораме да бидеме внимателни“, истакна тренерот на Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Арсенал го купува Лиам Делап за 35 милиони евра
