
Феенорд го победи Лацио со 1-0 и се протна во Лига Европа, а италијанскиот тим ќе оди во Конференциската лига на УЕФА. Стрелец на единствениот гол беше Сантијаго Хименез. Ова беше најнеизвесната група пред последното коло.
Манчестер Јунајтед го победи Реал Сосиедад со 0-1 на „Сан Себастијан“ со голот на Алехандро Гарначо, но сепак шпанскиот тим поради подобра гол-разлика, за само еден гол, го освои првото место во групата Е од Лига Европа.
Трабзонспор го совлада Ференцварош со 1-0, со голот на Анастиос Бакасетас во седмата минута. Енис Барди настапи во вториот дел, а турскиот тим продолжува во Конференциската лига на УЕФА.
Монако беше убедлив против Црвена Звезда и славеше со 4-1. Кевин Фоланд постигна хет-трик, а Милан Родиќ постигна автогол. За Црвена Звезда погоди Гелор Канга погоди од пенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski