
Остануваат уште нешто повеќе од две недели до почетокот на Светското првенство во Катар.
Репрезентацијата на Аргентина првиот натпревар го игра на 22 ноември, а е во група со Полска, Саудиска Арабија и Мексико. Аргентинската федерација испрати посебно барање до сите клубови во кои настапуваат нивните играчи.
Барање е нивните играчи да го прескокнат последното коло пред паузата за Светското првенство за да се подготват што подобро за турнирот. Сепак, Тотенхем и Манчестер Јунајтед го одбиле тоа барање, а одговорот на преостанатите англиски клубови се уште не е познат.
Во Премиер-лигата се Лисандро Мартинез и Алехандро Гарначо во Манчестер Јунајтед, Емилијано Мартинез и Емилијано Буендија во Астон Вила, Кристијан Ромеро во Тотенхем и Алексис Мекалистер во Брајтон.
Да потсетиме, ситуацијата со Лионел Меси е сосема поинаква. ПСЖ има уште натпревари против Лориен и Оксер во првенството пред Мундијалот, но како што пренесуваат повеќе медиумски извори, Меси побарал од тренерот Кристоф Галтие да го остави надвор од тимот по мечот со Јувентус.
Кога минатото лето како слободен играч од Барселона се пресели во ПСЖ, Меси побара во неговиот двегодишен договор да биде вклучена клаузула според која секогаш приоритет ќе има аргентинската репрезентација. Првиот натпревар на Светското првенство „гаучосите“ ќе го одиграат против Саудиска Арабија на 22 ноември. а Меси сака да биде целосно подготвен.
Ова ќе биде петто Светско првенство за Аргентинецот, кој влезе во 36. година од својот живот, а сосема веројатно и последно каде ќе можеме да го гледаме. Моментално е во врвна форма со 12 гола и 13 асистенции и е максимално мотивиран да се обиде да оди чекор понапред со репрезентацијата отколку пред осум години во Бразил, кога ја предводеше до среброто како најдобар играч на турнирот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими
