Наполи и Клуб Бриж се патници во нокаут фазата од Лигата на шампионите по денешните натпревари од четвртото коло. Наполи стигна до четвртата победа откако на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го совлада Ајакс со 4-2. Со максимални 12 бода во досегашниот тек обезбеди пласман во нокаут фазата.
Лозано и Распадори брзо донесоа водство од 2-0, а Класен намали на почетокот на вториот дел. Кварацкелија од пенал постигна трет гол за Наполи во 62.минута, Бергвајн исто така возврати од пенал, а Осимен го постави конечниот епилог.
Клуб Бриж е можеби најголемото изненадување. Атлетико Мадрид не успеа да го победи белгискиот тим кој ремизираше без голови и стигна до десет бода. Клуб Бриж во финишот играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Камал Совах во 82.минута, а голманот Мињоле беше одличен на голот на гостите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













