
Извршниот комитет на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) на состанокот во парагвајскиот главен град Асунсион, го поддржа актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, за реизбор на оваа функција во март 2023 година.
„По размената на мислења за сегашноста и иднината на јужноамериканскиот и светскиот фудбал, Инфантино доби едногласна поддршка од федерацијата членка на КОНМЕБОЛ“, објави јужноамериканската конфедерација на својата веб-страница.
Инфантино претходно присуствуваше на состанок со челниците на КОНМЕБОЛ.
Инфантино е претседател на ФИФА од 2016 година, а на 73. конгрес во март 2023 година во Кигали, главниот град на Руанда, ќе се кандидира за трет мандат.
Тој ја презеде функцијата во 2016 година, кога ФИФА беше вмешана во корупциски скандал, попознат како „ФифаГејт“. Потоа од оваа функција го собори долгогодишниот претседател, Швајцарецот Сеп Блатер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
