Connect with us

Ѕвездите на Баерн се незадоволни од работата на Нагелсман

Фудбалерите на Баерн Минхен се незадоволни од тренерот Џулијан Нагелсман, пишува „Билд“. Според изворот, играчите чувствуваат дека стратегот лошо раководи на натпреварите каде што тимот резултатски се мачи.


Покрај тоа, фудбалерите не сакаат тимска ротација и замени за време на натпреварите. Нагелсман му ветил на Џамал ​​Мусијала место во стартниот состав за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер (2-0), но го остави играчот од средниот ред на клупата за резерви. Младиот талент ја прифатил одлуката на тренерот, но го изразил своето разочарување во разговор со челниците на клубот.

Ѕвездите на Баерн се незадоволни од однесувањето на Нагелсман. Неговата прекумерна импулсивност во говорите доведува до неизвесност во тимот, пишува „Билд“.

Нагелсман е на чело на Баерн од јули 2021 година. Тимот е трет на табелата во Бундес – лигата со 16 бода од девет натпревари. Тоа е најлошиот старт на Баварците во една сезона во последните 12 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови