Хари Кејн е целосно фокусиран на настапите во Тотенхем иако го поврзуваат со можен трансфер во Баерн Минхен. Напаѓачот, кому му истекува договорот во летото 2024 година, е цел број 1 на шампионот во Бундес – лигата следното лето, бидејќи Баварците бараат замена за Роберт Левандовски.
29-годишниот фудбалер не одговори на прашањето за можна преселба во Германија пред дуелот од Лигата на шампионите со Ајнтрахт Франкфурт во групата Д.
„Фокусиран сум на Тотенхем и се обидувам да го дадам максимумот од себе. Баерн секако е врвен, врвен клуб, но целата моја концентрација е на Тотенхем и ќе се обидеме да победиме против Ајнтрахт“, изјави Кејн.
Напаѓачот инсистираше дека е фокусиран само на претстојните натпревари на Тотенхем и не е загрижен за повреди.
„Се чувствувам како секогаш, а кога размислувате за повреди, тие се случуваат. Затоа не размислувам за нив“, додаде Кејн, а во пресрет на Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













