
Челси вечерва му гостува на Милан во Лигата на шампионите, а менаџерот на лондонскот тим, Грем Потер, очекува сосема поинаков дуел од првиот што неговиот состав го доби на „Стемфорд бриџ“.
„Предизвик е да се игра и да се победи на „Сан Сиро“. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од првиот во Лондон. Милан сигурно ќе се обиде да ја искористи домашната предност. Имаат фантастични играчи, тие се навистина добро организиран тим, но ние сакаме победа“, истакна менаџерот на Челси, Грем Потер.
Челси и Милан имаат по четири бода во групата Е, а лидер е Салцбург со еден бод повеќе.
Фудбалерот на Челси, Тијаго Силва, се враќа на „Сан Сиро“, каде играше за Милан и ја
освои Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
