Најновото гранатирање на Украина е во мислите на фудбалерите, но тоа нема да го наруши моралот на Шахтјор Доњецк, потенцираше тренерот Игор Јовичевиќ пред денешниот дуел со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Тој најави дека фудбалерите на тимот ќе продолжат да се борат на теренот како што тоа го прават војниците во борбените операции во земјата.
„Не можат да нè уништат. Ниту нашиот дух, ниту моралот. Можат само привремено да ни го расипат расположението, но не можат да не уништат. Ние сме обединети и силни. Блиску сме до она што се случува во нашата земја и сочувствуваме за сите луѓе во земјата“, изјави Јовичевиќ пред натпреварот против Реал Мадрид.
Фудбалерите на Шахтјор мислат на своите семејства.
„Многу од семејствата на моите играчи се во Украина и тоа влијае на нив, но нивниот морал не може да се уништи. Ќе се бориме како вооружените сили на Украина. Загрижени сме, но натпреварот нема да биде одложен, ќе го претставуваме украинскиот народ на теренот“, истакна стратегот на Шахтјор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













